еМагазин
Image default
Техно

Твитер загуби 9 милиони корисници, но стана попрофитабилен

Социјалната мрежа Твитер, позната по своите кратки пораки, соопшти за четврт, последователен квартал без загуба, што значи дека ќе оствари добивка за целата финансиска година.

Заработката на Твитер во третиот квартал изнесуваше 758 милиони долари, додека профитот на компанијата изнесуваше 106 милиони долари. За споредба, во првиот и вториот квартал од календарската година профитот изнесуваше 61 и 100 милиони долари, соодветно.

Во исто време, Твитер ја губи својата публика. Активните корисници месечно се 326 милиони за последниот извештаен период, или девет милиони помалку, во споредба со претходниот квартал. Но, финансиските резултати покажуваат дека компанијата станала попрофитабилна.

Корисничката база во САД е намалена од 68 на 67 милиони луѓе. На глобално ниво (надвор од САД), мрежата изгуби уште 8 милиони корисници – бројот на активни членови се намали од 267 на 259 милиони.

МИА/Фото: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Електронското пријавување на сезонските работници може да биде пример и за Македонија

Редакција

Samsung награден со 48 признанија за дизајн на IDEA 2020

Редакција

Како технологијата го промени светот во последните 50 години?

Редакција