еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Презентирани нови докази за убиството на Вања и Панче

На денешното рочиште за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, Основното јавно обвинителство Скопје, презентираше нови докази, дополнувајќи ја доказната постапка.

Според истите, обвинетиот Боре Видевски не бил на работа на денот на грабнувањето и убиството на Ѓорчевска и Жежовски, а од Обвинителството посочија и дека нема достапни податоци за извршено пробно испукување со оружјето кое го поседувал Видевски, што ја оневозможува споредбата на неговото оружје со чаурата пронајдена при увидот во местото Рудник во Велес.

Како што образложија од Обвинителството чаурата била внесена во системот за автоматска компарација, но анализата не покажала поклопување со претходно внесени податоци од кривично-правни настани во земјата.

Обвинителството презентираше и фото-документација за комуникација на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо со сведокот во случајов, Ерол Османи.

На крајот од Обвинителството презентираа и снимка од 24.11.2023 година, кога бил првиот неуспешен обид за грабнувањето на Ѓорчевска, на која меѓудругото се гледа како обвинетиот Велибор Манев се враќа по лопата, што според Обвинителството покажува дека групата имала намера да ја убие.

За Палевски новите докази на Обвинителството, како што рече се „класично покривање на лошата истрага и непостапување во однос на оружјето“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заврши сведочењето на Палевски, ги негира сите обвинувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушани неколку сведоци на рочиште во раздвоената постапка за „Тенк“

Редакција

(Вознемирувачко видео) Горат предградија на Атина: Илјадници жители ги напуштија домовите

Редакција

(Видео) Британскиот премиер Борис Џонсон заразен од корона вирусот

Редакција