еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски на прославата за Свети Кирил и Методиј, повика на единство

Овие двајца браќа, благородни по срце и ум, ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет, рече премиерот Христијан Мицкоски на прославата на споменот и делото на Св.Кирил и Методиј.

“Свети Кирил, со духовна проникливост, ја создаде глаголицата, првото словенско писмо, кое подоцна, со трудот на учениците, ќе се развие во кирилицата — нашето писмо.

Неговиот брат, Свети Методиј, како мудар учител, се бореше тоа слово да добие место меѓу јазиците на богослужбата — рамо до рамо со латинскиот, грчкиот и еврејскиот.

„Словото Божјо треба да биде разбрано од сите народи, во нивниот мајчин јазик“, велеа светите браќа.

Таа борба за право на свој глас, право на своја духовност, е основата на нашата вековна борба за самостојност, идентитет, и национално достоинство,” рече Мицкоски.

Тој додаде дека денес, кога нашиот народ стои пред нови предизвици, кога светот се обидува да нè дефинира и објаснува, токму нивната мисија нè потсетува кои сме.

„Не плашете се од вистината, таа е светлина која не се гаси“, велеше Свети Кирил. И таа светлина не згаснала. Таа гори во срцето на секој Македонец што го сака својот јазик, својата култура, и својата татковина Македонија.

И за време на ваквите денови вообичаено во одредени кругови следи, би рекол една простодушна дебата за тоа кои се Светите браќа, чии се, на кому му припаѓаат, и притоа без исклучок се пропушта да се види големата слика, без да се помисли за тоа колку на овој начин и со таква дебата се гази по нивното дело, се заборава нивната улога, и колку е безначајно прашањето чии се, во споредба со прашањето дали и колку ги применуваме нивните пораки, зборови и завети кои ни ги оставија.

И никогаш нема да навлезам во таквата несуштествена реторика, затоа што ние самите не смееме да се поткопуваме себеси и најдобро знаеме кои сме, и од што сме создадени.

Може ли да се одреди една шума со многу родови од која билка почнала да се создава. Може ли да се одреди кое зрно песок било првото, тоа семе на мудроста и светлината беше посеана од Светите Кирил и Методиј низ целиот словенски род, а Македонија доби слово, писменост и духовна мудрост низ вековите.

Од тоа семе кое е наш „светилник низ вековите и за иднината“ изникнаа и најдобрите нивни ученици Свети Климент, Свети Наум, Горазд, Сава, Ангелариј. Така се роди и нашата света Македонска православна црква, со многувековен континуитет, чиј директни темели се светата Охридска архиепископија кој е идентична со поранешната Архиепископија Јустинијана Прима, ” додаде тој

Фото/Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се испитуваат петмина излекувани штипјани како можни дарители на крвна плазма

Редакција

Коцевски за одлуката на Владата за негово разрешување: Целокупното мое работење е согласно закон

Редакција

(Видео) Русија пред граѓанска војна: Москва влезе во конфликт со платеничката група Вагнер

Редакција