Вечерва во Скопје не се одигра финалниот натревар од ЕХФ Европскиот куп помеѓу македонскиот ракометен клуб Алкалоид и грчкиот АЕК, бидејќи управата на грчкиот клуб не им дозволи на играчите да излезат на терен, поради закани од грчките навивачи.
Во салата „Борис Трајковски“ можеше да бидат присутни само 200 грчки навивачи, како што било договорено пред неколку дена, но за Скопје тргнале плус навивачи кои неофицијално биле вратени од патерина.
И самиот АЕК пред неколку денови ги информирал своите навивачи дека за нив има само 200 билети.
Тие пак што стигнале во Скопје му се заканиле на клубот да не игра мечот, по што и тие во знак на солидарност се вратиле во Грција.
Натпреварот беше одложен, а што ќе се случува понатаму ќе биде познато во вторник или среда.
Дали ќе има нов натпревар или ќе му биде доделен пехарот на Алкалоид, ќе одлучува Европската ракометна федерација.
Првиот натпревар помеѓу двата тима се одигра во Атина, Грција, на кој Алкалоид победи со 29:25.
Фото: РК Алкалоид