еМагазин
Image default
Локално

Тројца скопјани претепале маж од крушевско

На 25.10.2018 година во 12,50 часот  во Скопје, на улица „Никола Карев“ во влез на зграда,  настанало наршување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Џ.С.(46), Џ.Д.(20) и И.С.(40), сите од Скопје, од една страна, и К.Н.(57) од село Селце, крушевско, од друга страна, при што К.Н. се здобил со тешки телесни повреди, информира МВР.

К.Н. со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Лицата се повикани во полициска станица. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец повреден во пожар во стан

Редакција

(Фото) Битолски дилер дома чувал 4 килограми амфетамин, 4.000 екстази и 4 килограми марихуана

Редакција

Обид за силување во Дебар

Редакција