Предлог-законот за амнестија е веќе изготвен и во понеделник ќе биде поднесен во Собранието на РМ по скратена постапка, рече денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
Текстот ќе го достават пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ и сите останати, како што истакна Арсовски, ќе имаат можност да го прифатат.
„Ако намерите на СДСМ се искрени, сега е моментот да го изгласаат и да го тргнат товарот од сите луѓе што беа во случувањата на 27 април“, нагласи портпаролот.
СДСМ го оцени ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ како брутален упад во правосудството.
„Како одговорна и државотворна партија се водиме да го почитуваме принципот на правна држава и во таа насока може да зборуваме за подавање рака и за помирување, но никако не може да зборуваме за амнестија“, изјави пратеникот од СДСМ Костадин Костадинов.
МИА/фото: Влада