Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Т.(46) од Крива Паланка, поранешен директор на Јавното претпријатие „Комуналец“-Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и против М.Д.(58) од Крива Паланка, вработена како раководител на финансискиот сектор во Јавното претпријатие „Комуналец“- Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, информира МВР.
Во октомври 2017 година, првопријавениот не поставил одговорно лице на погон во село Конопница и не преземал активности за воведување на евиденција на влез и излез на материјалите и производите, со што овозможил лице од село Конопница, од погонот со товарно возило да изнесе две палети со бекатонски плочи и жардињери и метална клупа.
Додека, второпријавената, иако била должна, не барала фактури и испратници за влез и излез на материјали и готови производи врз основа на кои требало да изготви финансиски пресметки.