еМагазин
Image default
Македонија

Кој е Костадин Костадинов, новиот портпарол на СДСМ

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов е новиот портпарол на СДСМ, информираа од партијата.

Костадинов е роден во Струмица, во март 1990 година, а според неговата официјална биографија има завршено Економски факултет на Универзитетот ФОН.

Краток период ја извршуваше и функцијата в.д. градоначалник на Струмица.

Привремен градоначалник стана доаѓајќи од позицијата заменик-градоначалник на Струмица, по што се врати како советник на СДСМ во Советот на општината.

Бил и е член или заменик член на неколку собраниски комисии, меѓу кои и Законодавно-правна комисија, (член), Комисијата за прашања на изборите и именувањата, (член), Комисијата за финансирање и буџет, (заменик-член), Комисијата за економски прашања, (заменик-член), Комисијата за локална самоуправа, (заменик-член), Буџетски совет, (член)…

Според неговата биографија бил заменик-член на делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија и член на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Имајќи го во предвид напредувањето на некои негови колеги по оваа функција, на Костадинов му престои добра кариера. Неговиот претходник, Петре Шилегов денеска е градоначалник на Скопје, неговиот колега од ДУИ, (поранешен портпарол на ДУИ), Бујар Османи е вицепремиер за европски прашања…

Фото: СДСМ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Како и Заев љубител на мотори: Колку е богат Костадин Костадинов, новиот портпарол на СДСМ

Костадин Костадинов е нов портпарол на СДСМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Жената која патувала во Северна Италија, а утрово се тестираше на Инфективна клиника нема корона вирус

Редакција

Кој друг освен Пендаровски го осуди терорисистичкиот напад во Москва

Редакција

Осуда од ЗНМ за обидите за дискредитација кон новинарката Џумадије Ибраими од ТВ Клан

Редакција