еМагазин
Image default
Македонија

Што содржат четирите амандмани кои осумте опозициони пратеници и ги предложија на Владата

Пратеникот Крсто Мукоски по денешната средба со премиерот Зоран Заев, посочи дека разговарале за четири амандмани, предложени од осумте опозициони пратеници кои гласаа за старт на промена на Уставот и дека добиле потврда оти ќе им бидат прифатени.

– Постојат два начини или тие да бидат инкорпорирани во амандманите што ќе ги достави Владата до Собранието или, пак, во напредната фаза да се поднесуваат како наши амандмани на амандманите од Владата. За тоа вечерва дополнително ќе одлучиме, но како било и да е, битно е што Владата имаше слух и сенс за нашите барања, а ние со тоа сме убедени дека ќе направиме дополнителна заштита во зацврстување и зачувување на македонскиот идентитет, на македонското културно-историско наследство и на македонскиот јазик, изјави Мукоски.

Нагласи дека на вечерашната средба генерално го усогласиле и текстот на амандманите коишто ќе бидат инкорпирани во Уставот.

-Добивме уште една согласност од страна на премиерот дека имаат разбирање за нашите амандмани и дека тие ќе бидат прифатени. Се надеваме дека во текот на утрешниот ден рано, бидејќи Владата утре има состанок, а после тоа треба да го достави документот до Собранието, новата пратеничка група ќе излезе со текстот на амандманите коишто ќе бидат прифатени од страна на Владата. Добивме потврда дека ќе ги прифатат амандманите.

Сега разговаравме дали Владата ќе ги инкорпорира на утрешната седница нашите барања, кои ќе ги артикулираме пред одржување на седницата пред јавноста или, пак, ние да доставиме дополнително амандмани на амандманите да ги достави Владата во Собранието. За тоа ќе одлучиме дополнително во текот на вечерта и во текот на утрешниот ден ќе излеземе во јавноста, рече Мукоски.

Појасни дека првиот од аманданите се однесува на дополнително зацврстување и зачувување на македонскиот идентитет, на македонското културно-историско наследство и на македонскиот јазик.

Вториот амандман се однесува на обезбедување на гаранции за спроведување на целиот договор, односно евентуална можна ништовност или не стапување на сила на договорот доколку другата страна не го ратификува во својот Парламент и не ги ратификува документите коишто обезбедуваат влез во НАТО.

Третиот амаднман се однесува на внатрешната употреба на новото име, одосно се предлага сукцесивна примена на новото име со отворање и затворање на поглавјата за влез во ЕУ.

-Разговаравме и за нашата четврта точка, телото или комисијата која што ќе работи на внатрешно помирување, меѓупартиско помирување и би рекол меѓуграѓанско и човечко во општеството треба да започне ефективно да работи од понеделник.

Договорено е колку членови ќе има тоа тело, кои се ќе партиципира во тоа тело и од понеделник кога ќе почне со конкретна работа тоа тело како што ќе се разработуваат темите во тоа тело така благовремено ќе добивате информација, рече Мукоски.

Прашан дали и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржат договорот, Мукоски рече дека се добредојдени сите пратеници што сакаат даго поддржат договорот.

-Не го знам конкретнот став на ВМРО-ДПМНЕ, нашата матична партија, меѓутоа би било добро да учествуваат и тие, бидејќи сега нашата идеја е да направиме едно колективно помирување помеѓу сите партии, помеѓу сите етнички заедници, помеѓу различните вери, националности итн.

Се надевам дека тоа тело ќе успее во својата работа и дека конечно такво едно тело и неговите придобивки од работењето ќе бидат во корист на целото општество. Дали тоа ќе биде така или не, ќе видиме.

Меѓутоа, ние сме убедени дека тоа тело ќе вроди со успех дополнително што и од страна на владејачкото мнозинство без разлика дали тоа доаѓа од СДСМ или ДУИ или коалиционите партнери сме охрабрени дека и тие се заинтересирани да партиципираат и дадат активно учество во ова тело, рече Мукоски.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Никола Тодоров сведочеше за „организаторите на настаните од 27 април“: Собраниските настани ги нарушија преговорите за широка коалиција

Редакција

Нови 162 случаи со Ковид-19 од 1.350 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Тие што одбиваат да се попишат треба да бидат санкционирани, вели Заев

Редакција