еМагазин
Image default
Македонија

Случај „Тортура“ во завршница: Во судница пуштани снимки како се бројат запленетите пари од Љубе Бошкоски

Случајот „Тортура” на СЈО за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година продолжува на 20 ноември, откако на денешното рочиште беа прегледани неколку видео снимки од МВР.

На денешното рочиште беа прегледани неколку снимки од просториите на МВР, како се врши пребројување и внесување во компјутер на сериските броеви од банкноти во апоени од 100 евра.

Пред крајот беше пуштена и друга снимка, на која се гледа како Љубе Бошковски е повторно донесен на паркинг на ресторанот Воденица од ЕБР Тигар, заедно со адвокат.

Од нив се бара да потпишат записници, по што се врши преглед на автомобил „Ланчиа“ со метално сива боја. Од багажниот простор на возилото се вадат документи, облека, неколку чанти и повеќе други работи што се документираат. Доказниот материјал се пакува во присуство на инспектори, адвокатот и Љубе Бошковски, по што Бошковски потпишува извештај.

На сниката се гледа како Бошковски е однесен во насока кон ресторан Воденица, а дел од инспекторите остануваат и го запечатуваат возилото, кое со шлеп служба се носи од паркингот кај ресторан Воденица. Потоа се гледа возилото како се остава на паркинг на МВР.

Судскиот процес се наоѓа во доказна постапка и за следните рочишта остануваат уште едно ЦД од МВР и снимки од дневниците на телевизиите.

Специјалното јавно обвинителство ги гони поранешен директор на УБК Сашо Мијалков и екс првиот човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки и петтмината припадници на „Алфите“ за мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, за начинот на лишување од слобода на лидерот Бошкоски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Таткото на Вања Ѓорчевска останува во притвор

Редакција

(Фото) Македонски војници заминаа во НАТО мисиите во Бугарија и Романија, формирани по руската инвазија на Украина

Редакција

Ревакцинирани вкупно 547.105 граѓани: 28% од населението од 18 до 39 години вакцинирано со барем една доза

Редакција