еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕБОР за годинава ни предвидува најмал раст на економијата во регионов од само 2%

Најновата прогноза на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за растот на македонската економија за годинава е два отсто.

Во извештајот за економските перспективи, ЕБОР за 2019 година предвидува раст на БДП од три проценти.

Во делот за Македонија, Банката наведува дека се забележува умерено раздвижување, но се уште помало од вкупниот раст на регионот.

ЕБОР предвидува раст во регионот на ЈИЕ од 3,5 отсто. Највиок се прогнозира во Србија и Црна Гора од 4,2 отсто, Албанија и Косово по четири, Бугарија 3,6 отсто, БиХ, три и во Грција од 2,2 отсто.

Претходно, Светска банка објави дека растот на македонската економија годинава ќе биде 2,5 отсто, а според ММФ 1,6 отсто. Владата го ревидира растот на БДП на 2,8 отсто, а Народната банка на РМ на 2,3 отсто.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлуката на ЕУ за одделување на Албанија и Македонија во преговорите е логична последица на политиките на Скопје, вели Радев

Редакција

Викендов сончево и топло, од идната недела променливо облачно и нестабилно

Редакција

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Гостивар кај Зајас, неколку лица пренесени во болница

Редакција