еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бизнис-заедницата против прогресивниот данок: Ќе се зголеми сивата економија

Бизнис-заедницата смета дека, доколку прогресивното оданочување се реализира, истото би имало негативни последици врз целата бизнис заедница со тоа што значително ќе се зголеми сивата економија и ќе се нарушат условите под кои ќе се одвива целокупната економија во државата.

Ова го покажува анализата на резултатите од заедничко истражување помеѓу членовите на Платформата за јавно – приватен дијалог Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Стопанска комора на северозападна Македонија и Сојуз на стопански комори на Македонија.

„При тоа треба да се има предвид фактот дека станува збор за сериозна промена на даночниот режим со кој се создава нов систем на обврски на неполни два месеци пред крајот на годината, кога најголем дел од деловните субјекти веќе ги имаат направено планирањата за следната фискална година. Со предложените измени во даночниот систем се усложнува работењето на компаниите“, се вели во соопштението на „Епи центар Интернационал“ кој го имплементира проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, финансиран од страна на УСАИД.

Стопанските комори се согласни дека изразениот став е јасен и недвосмислен и дека неопходно е да се земе предвид при креирање и ревидирање на националните политики.

„Врз основа на спроведеното истражување стопанските комори испратија и официјален Позиционен документ до Владата и сите надлежните министерства. Со овој документ стопанските комори излегоа со заедничко барање за одложување на најавените даночни реформи за воведување на прогресивно оданочување, за најмалку пет години. Воедно, стопанските комори и понатаму повикуваат на конструктивен дијалог за заедничко креирање на сите политики кои ја засегаат бизнис заедницата, со цел да се избегнат непоправливите штети кои би можеле да му се нанесат на македонското стопанство како резултат на избрзани одлуки во кои не се земени предвид сите релевантни фактори“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Даночниот експерт Павле Гацов: Од прогресивниот данок најголема добивка ќе има државата

Се воведува прогресивен данок: Прагот на одданочување приход од 90 илјади денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска натпросечно топло со температура до 33 степени, од вторник заладување

Редакција

МЕПСО склучи договор со ЕСМ Продажба вреден над 1 милион евра

Редакција

Професор Трајковски: Делта сојот можеби е веќе доминантен во Македонија

Редакција