еМагазин
Image default
Локално

Велосипедист почина од удар на автомобил на патот Куманово-Свети Николе

Велосипедист почина, откако бил удрен од автомобил на регионалниот пат Куманово-Свети Николе. Несреќата се случила вчера околу 17:40 часот, кога патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот  Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско.

Т.С.  починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе.

Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава: За време на полициски час пукал од возило низ Куманово

Редакција

Зголемено нивото на реките, езерата во рамки на просекот за јуни

Редакција

Приведен скопјанец кој со „Голф“ удрил малолетничка и побегнал

Редакција