еМагазин
Image default
Локално

Со „Опел корса“ удрил во две жени во Скопје

На 06.11.2018 годинa во 14.00 часот во Скопје на крстосницата од улица „Белградска“, улица „Тодор Александров“ и булевар „Мајка Тереза“, патничко возило „Опел Корса“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(58) од Скопје, удрило во пешаците Р.К.(48) од село Стајковци, скопско и М.Б.(54) од Скопје, информира МВР.

Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди, додека М.Б. се здобила со телесни повреди. Двете биле пренесени во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде им била укажана лекарска помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тело на 34-годишен маж пронајдено во канал во Марино

Редакција

Децата ќе можат да се вакцинираат и за викенд, вакциналните пунктови ќе работат

Редакција

На работното место пронајден мртов 61-годишен скопјанец

Редакција