еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Во ПИОМ немаат пари за пензии ама имаат милиони за кафани

Во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување лани потрошиле 1,8 милиони денари по фактури на кои не е наведена намената за која се направени усгостителските услуги, бројот на корисници на репрезентација, оправданоста на настанатите трошоци, како и дали тие се однесуваат на вршење на дејноста на Фондот, утврдиле во Државниот завод за ревизија по контролата на работењето на ПИОМ.

„Наведената состојба не е во согласност со законот за извршување на буџети со кој е уредено дека буџетските корисници имаат должност буџетските средства да ги користат наменски, рационално, економично и ефикасно“, се вели во извештајот на ДЗР.

Оттаму укажуваат дека покрај наведеното, за користење услуги за репрезентација( кои можат да се предвидат), не се спроведени соодветни постапки за јавни набавки.

Инаку, поради лошата финансиска состојба на ПИОМ секоја година од државнио буџет се префрлаат стотици милиони денари за да нема застој во редовната исплата на пензии.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПИОМ пред колапс: Издатоците за пензии се зголемиле за 45% за шест години

ПИОМ исплатил 2,5 милиони евра пензии на починати лица: Со тужби бара да се вратат парите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Најмалку 31 загинати: Крвави протести во Иран по убиство на девојка која неправилно носела хиџаб

Редакција

Амандманите на бугарските европратеници за “бришење“ на македонскиот јазик и идентитет не поминаа во Мешовитиот парламентарен комитет – Македонија и ЕУ

Редакција

Хорор во кавадаречко: Ја искасапил сопругата со секира, па се самоубил фрлајќи се во Црна Река

Редакција