еМагазин
Image default
Македонија

Мицкоски: Слушнав дека Груевски треба да се јави во затвор, разочарани сме

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за телевизија „Алфа“ рече дека одбивањето на жалбата на Никола Груевски покажало дека станува збор за политички прогон.

„Чинот ја потврди тезата за политизираното судство. Никола Груевски е жртва на политички прогон. Кога тие беа опозиција сакаа да кажат дека милијарди се изнесени од Македонија, а сега е осуден за стекнување нематријилна корист. Груевски најпрвин во Парламентот не му го одземаа мандатот, а Кривичниот совет покажа дека е вршен притисок. Груевски во случајот добил добивка да се вози со возилото, кое и сега го користи Владата. Пред емисијава и јас слушнав дека веднаш по приемот на одлуката, ќе треба да се јави во затвор. Навистина сме разочарани“, рече Мицкоски.

Денеска и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски за случајот со Груевски рече дека станува збор за политички прогон:

„Нашиот став во однос на ова што се случува со почесниот претседател Груевски е дека се работи за политички прогон. И тоа е еден театар медиумски кој што трае неколку дена организиран од страна на СДСМ, од страна на нивните пратеници и власта. Се со цел да дефокусира од реалните проблеми, од реалните случувања кои што се случуваат во државата. Се покажа дека е само еден медиумски циркус за да може неколку дена да ја одолговлечат и дефокусираат темата од реалните проблеми“, рече Арсовски прашан за тоа што Собранието не му го одземе мандатот на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Мицкоски, Мијалков е „затворена книга„

Одбиени жалбите: Груевски треба да се јави во затвор

Груевски останува пратеник: Собранието не му го одзеде мандатот

Фото: ВМРО ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР: Граѓаните кои имаат закажно за документи од 11 до 15 јуни, имаат други термини

Редакција

Отстранување на границите на Балканот само со членство во ЕУ и влез во Шенген механизмот, вели Заев

Редакција

Одбраната во „Титаник 3“ бара изземање на Катица Јанева, Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски

Редакција