еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Убава вест: Бензините поевтинуваат за 4,5, а дизелот за три денари

Цената на бензините од полноќ ќе се намали за 4,5 денари, на дизелот за три денари, а на екстра лесното гориво за 3,5 денари, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергтеика Марко Билсимовски.

– Денеска имаме едно од најголемите намалувања на цените на бензините и дизелот од кога постои Регулаторната комисија за енергетика. Тоа не е наша заслуга, ниту претходно по наша заслуга или вина беше зголемувањето на цената на горивата, едноставно такви се трендовите на берзата за нафта. Ние само ја применуваме методологијата која што е дел од купопродажниот договор за ОКТА ратификуван од Собранието во 1999 година, изјави Бислимовски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Воспитните мерки“ на Мика Алексиќ: Тој ги срамеше децата во емисија на телевизија пред очите на цела јавност

Редакција

Народната банка очекува пад од 3,5 отсто на македонската економија поради корона вирусот

Редакција

39-годишен маж од Скопје загина во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Редакција