еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Скопјани со протест побараа сериозни мерки против загадувањето на воздухот

Спроведување итни мерки против загадувањето во Скопје побараа граѓани денеска на протест пред канцелариите на Град Скопје.

На протестот, што се одржа  под мотото „Време е за чист воздух“, беа упатени пораки „И ти го дишеш истиот воздух“,„ Ставете налепници на тешката индустрија“, „Не можам да дишам!“, „Чист воздух, здрави деца“.

Учесниците на протестот потсетија на ветувањата за намалување на загадувањето на воздухот и критикуваа дека  е многу мал износот од 1,5 милиони евра што е проектиран  за таа намена со буџетот.

Приоритет сметаат дека треба да биде проблемот со автомобилите, депонијата Дрисла,  да се работи на гасификацијата,…  Бараат и казни за големите индуструски објекти кои не ги исполнуваат еколошките стандарди, да се отстрани опасниот линдан од Охис, како и да престане градежната експанзија.

МИА/Фото: Скопје бара чист воздух

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата „ќе се бори“ против загадувањето на воздухот со 1,5 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Половина од граѓаните со термин, вчера не дошле да се вакцинираат

Редакција

Инфлацијата руши рекорди во Турција, стигна до 80%, највисоко ниво во изминатите 24 години

Редакција

Каков имот пријавил Дејан Докиќ, кој е разрешен од директорското место на Клиниката за пулмологија и алергологија

Редакција