Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемува за 2,50 денари, а на Еуродизелот (Д-Е V) за 2 денари одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 85 денари за литар, на Еуросупер БС-98, 87 денари за литар, а на дизелот 93,50 денари за литар.
За 2,50 денари се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и тоа сега ќе се продава за 98,50 денари за литар.
Цената на Мазутот М-1 НС се зголемува за 3,064 денари и сега ќе изнесува 49,720 денари за килограм.
Фото: Унсплеш













