еМагазин
Image default
Свет

Убијците на Кашоги најверојатно го изнеле неговото парчосано тело од Турција во својот багаж

Убијците на саудискиот новинар Џамал Кашоги најверојатно го изнеле неговото тело од Турција, разделено на парчиња и скриено во нивниот багаж, изјави денеска турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.

„Една од веројатните можности е дека тие ја напуштиле земјата три до четири часа откако го убиле Кашоги. Можеби неговото тело го изнеле од земјата поделено на парчиња во својот багаж без никаков проблем, благодарение на нивниот дипломатски имунитет“, изјави Акар.

Кашоги, кој работеше како новинар на „Вашингтон Пост“ и беше познат по своите критички текствови за властите во Ријад, беше убиен на 2 октомври во Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул.

Турција набрзо по убиството објави дека негови извршители се тим од 15 лица, меѓу кои и двајца „експерти за расчистување“, кои го расекле телото на делови и ги отстраниле доказите. Турските медиуми објавија и дека властите во Анката поседуваат аудио снимки од убиството.

Саудискиот заменик јавен обвинител Шалан ал Шалан во четвртокот делумно ги потврди ваквите турски наводи, изјавувајќи дека телото на Кашоги било поделено на делови и потоа „отстрането од зградата“ на Конзулатот и предадено на неидентификуван „локален соработник“.

Убиството на Кашоги резултираше со глобална осуда на Саудиска Арабија, при што како наредбодавач на ликвидацијата некои извори го посочуваат престолонасленикот, принцот Мохамед бин Салман.

„Вашингтон пост“, повикувајќи се на анонимни извори, вчера објави дека и американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) има сознанија дека наредбата за убиството на Кашоги ја издал принцот Мохамед.

На ваквите тврдења реагираше американскиот претседател Доналд Трамп, кој оцени дека заклучоците на ЦИА се „многу преуранети“ и дека треба да се почека целосниот извештај за овој случај.

Во меѓу време, турскиот весник „Јени Шафак“ објави дека во Турција покрај 15-члениот тим што го ликвидирал Кашоги, допатувала и група од четири лица, задолжена за прикривање на убиството.

„Јени Шафак“ тврди дека оваа група била испратена од Палестинецот, Мохамед Дахлан, кој, според весникот, „работи за престолонаследникот на Абу Даби, Мохамед бин Зајед ал Нахајан“.

Четворицата членови на групата наводно во Турција допатувале три дена пред убиството на Кашоги, а дента на трагичниот настан се наоѓале во Саудискиот конзулат во Истанбул.

Според „Јени Шафак“, „групата на Дахлан“ била активна и при ликвидацијата на еден од лидерите на палестинското радиклано движење Хамас, Махмуд ал Мабхук.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЦИА: Саудискиот принц Мохамед го нарачал убиството на Кашоги

(Видео) Страв во очите на синот на Кашоги при средбата со принцот на Саудиска Арабија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европска Унија со санкции за Путин и Лавров, ќе им го замрзне имотот

Редакција

(ВИДЕО) Град на духови: Како изгледа од дрон кинескиот град Вухан кој е во карантин поради корона вирусот

Редакција

Годинава во светот нема да се постигне колективен имунитет од коронавирусот

Редакција