Ќе се отпишат ли долговите на граѓаните по одземањето на лиценцата на “Креди Јес“, еве што велат од Министерството за финансии

Финаниското друштво за брзи кредити “Креди Јес“ (Credi Yes) ДОО Скопје е во фокусот на јавноста откако остана без лиценца за работа.

Истата ја добила во 2019 година, а како што објаснија од Министерството за финансии за еМагазин, му е одземена поради два прекршоци што ги направило во една година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зошто фирмата за брзи кредити “Креди Јес“ остана без дозвола за работа

Друштвото кое има сопственици од Бугарија, во Македонија има 39 подружници и околу 110 вработени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кое е друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола

Граѓаните ќе треба да ги вратат парите

Од Министерството за финансии за еМагазин велат дека по одземањето на дозволата, финансиското друштво нема право да одобрува нови кредити.

Нема право ниту да врши финансиски активности, освен активности неопходни за зачувување на имотот и наплата на побарувањата, согласно член 24 став (2) од Законот за финансиските друштва.

Како што објаснуваат од таму согласно законските обврски, управителот на Друштвото е должен во рок од 15 дена да започне постапка за ликвидација или да поднесе предлог за отворање стечајна постапка пред надлежен суд, а за тоа да го извести Министерството за финансии.

Исто така согласно Законот за финансиски друштва, финансиското друштва во рок од 15 дена од денот на прием на решението за одземање на дозолата за работа има право да поднесе жалба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Колку фирми за брзи кредити има во Македонија

Како работело друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола

Министерството за финансии трајно одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво, ама не кажа кое

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести