Се испитува и дали е нарачка палењето на автомобилите на бугарската Амбасада

Истрагата за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада, е во фокусот на јавноста.

Вчера Основното јавно обвинителство го преиначи кривичното дело за кое се гони 44-годишниот И.Д. од Скопје.

Тој сега наместо за “Предизвикување општа опасност“, ќе се гони за “Загрозување лица под меѓународна заштита“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се проверува со кој комуницирал осомничениот за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада

Како што е познато се испитува и со кого коминицирал осомничениот, а порталот Сакам да кажам објави и дека се проверува дали инцидентот е нечива нарачка.

„Ќе се испитуваат и претходни комуникации на сторителот, за да се види да не полеал и запалил по нечија нарачка од бугарски или од овдешни безбедносни служби или политички партии и други субјекти, дали му е платено за тоа, итн.

Не е доволно само тоа што го признава делото“, велат од истрагата за СДК.

Осомничениот е во притвор, а Обвинителство побра нов притвор, од 30 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничениот за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада наполнил бензин во пластично шише од бензинска во близина: Детали од Обвинителството

Путин му е идол, а возилата на бугарската Амбасада ги запалил оти биле паркирани непрописно: „Слободен печат“ со нови детали за осомничениот

Осомничениот за палењето на автомобилите на бугарската Амбасада ќе се гони за загрозување лица под меѓународна заштита

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести