Притвор за директорката на „Комуналец“ и двајцата раководители бара Обвинителството

Притвор бара Основното јавно обвинителство Гостивар за в.д. директорката на јавното претпријатите за комунална дејност – ЈП “Комуналец“ Гостивар, Артана Асани и двајцата раководители во претпријатието – раководителот на Одделението за водовод и техничкиот директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Артана Асани, директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, која ќе одговара за тешки дела против животната средина и природата

Како што е познато тие се осомничени за “тешки дела против животната средина и природата, предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење“.

Според Обвинителството со штетна матeрија ја направиле неупотреблива водата за пиење во преливната комора на системот кој ја снабдува со вода Општината Гостивар и дел од околните села.

Тројцата вчера беа приведени.

Казните за ова кривично дело се минимум четири години затвор.

Истрагата, како што информираа денеска од Обвинителството, може да се прошири и на други лица, во зависност од дополнителните анализи и докази кои ќе бидат прибавени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈП „Комуналец“ Гостивар на диво направил приклучок во близина на главниот цевковод, утврди Инспекторатот за животна средина

Две пумпи три недели внесувале загадена вода во гостиварскиот водовод: Директорката на „Комуналец“ и двајца раководители ќе одговараат за тешки дела против животната средина и природата

(Видео) Приведена Артана Асани, директорката на гостиварски „Комуналец“, градоначалникот ја суспендираше

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести