Кој е Тони Стојановски, кој останува на челната позиција на НЛБ Банка

Претседателот на Управниот одбор (УО) на НЛБ Банка АД Скопје, Тони Стојановски, останува на функцијата уште четири години.

Од Банката информираа дека за тоа од страна на Народната Банка е издаденo решение со коe се издава претходна согласност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тони Стојановски реименуван за претседател на УО на НЛБ Банка

Новиот мандат му почнува од 4. септември.

На функцијата за првпат беше назначен во септември 2024 година, а дојде на местото на Бранко Грегановиќ.

Кој е Стојановски

Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија.

Важи за банкарски професионалец со повеќе децениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации.

На челната позиција на НЛБ Банка, дојде од Стопанска банка АД Скопје каде 15 години беше член на УО на Банката, а низ годините извршуваше и други високо-раководни функции.

Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високо-раководни функции и во Народната банка.

Тој е и претседател на Одборот на директори на Македонската берза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НЛБ Банка ги објави платите на Управниот одбор

НЛБ Банка ќе дели дивиденда од 2.571 денари

Колкави надоместоци имале членовите на НО на НЛБ Банка лани

Фото: НЛБ Банка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести