еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Шумски животни“ тема на детските мултимедијални работилници на Skopje Design Week

Неделата на дизајнот во Скопје и годинава ќе има две мултимедијални детски работилници, на 24. и 25. ноември, а темата е „Шумски животни“.

Под водство на Дора Локвенец, Марина Таневска и Тамара Димитрова, а со помош на роботчето Кубето, децата од 5 до 7 години ќе бидат дел од двете мултимедијални детски работилници на кои се одржуваат викендов на 24. и 25. ноември за време на Skopje Design Week на тема “Шумски животни”.

Со користење на рециклирани материјали, децата ќе создаваат брошеви, бележници за книги, кутии за моливи, инспирирани од мотиви на шумски животни.

Работилниците овие два дена ќе се одржуваат од 15 до 17 часот во Јавна соба.

Недела на дизајнот во Скопје е дело на Јавна соба – Центар за дизајн и иновација, во соработка со Делегацијата на германското стопанство со канцеларија во Македонија.

Активностите ќе се реализираат во Јавна соба и Лукс секој ден од 10:00 до 01:00 часот, а влезот за сите посетители е слободен.

Повеќе информации на: www.ministryofpleasure.net.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За сигурна иднина – ново стратешко партнерство на СОС Детско село и Еуролинк осигурување

Редакција

BtoBet ја продолжува поддршката на македонскиот спорт

Редакција

Саемот на книга започнува на 18. април: Над 60 издавачки куќи и повеќе од 30 промоции на книги на домашни и странски автори

Редакција