Податоците од Извештајот од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од април до јуни годинава покажуваат дека во овој период вкупна месечна закупнина изнесува 1,2 милиони евра и има раст во однос на првиот квартал за 9%.
Во овој период се евидентирани 2.148 закупи, а вкупниот број на закупи бележи пад од 17% на квартално ниво.
Најголем број од закупите – 935, припаѓаат на деловни простори (44%) по што следуваат становите со 630, (29%), куќите со 235 (11%), земјоделско земјиште и шуми со 210 закупи (10%). Индустријата и градежното земјиште учествуваат на пазарот со по 2%, додека гаражите и останати недвижности со по 1%.
Споредбено со првиот квартал од 2026 година, закупот на станови бележи пад од 14% во однос на бројот на закупени станови и пад на вкупната месечна закупнина од 9%.
Куќите бележат пад на бројот на закупи од 24% и пад на вкупната месечна закупнина од 5% во споредба со претходниот квартал.
Кај деловните простори има пад на бројот на закупи од 8% и раст на вкупната месечна закупнина од 20% во споредба со првиот квартал од 2026 година.
Најголем број закупи се регистрирани во Општина Центар, 286, по што следуваат Општина Аеродром, 197, Општина Карпош, 173, Општина Битола, 129.
Просечната месечна закупнина по метар квадратен станбен простор во Општина Центар изнесува 408 денари, во Аеродром 375, Карпош 354, Кисела Вода 326, Штип 266 денари.
Во вториот квартал се закупени недвижности со вкупна површина од 2.422.990 метри квадратни со вкупна месечна закупнина од 76.252.047 денари. Најмногу е закупено земјоделско земјиште и шуми, додека најголема цена на месечна закупнина имаат достигнато деловните простори.
Во април се регистрирани најмногу закупи, 776, а најмалку во мај, 669, додека во јуни имало 703.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Како се движи цената на квадрат за станови во Скопје
Цената на становите во Охрид пораснала за 27%
Фото: Унсплеш














