Во притвор заврши С. Д. (41) од Кратово, која нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Камени кукли“.
Таа пред неколку дена физички нападна и посетители на локалитет, по што беше уапсена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кратовчанката која нелегално наплаќаше влез во локалитетот „Куклицa“ е приведена, нападнала туристи
Се работи се жената која извесен период наплаќа влез на локалитетот, а стана интерес на надлежните институции, откако случајот стана топ тема на социјалните мрежи.
Од Основното јавно обвинителство Куманово информираа дека при последниот инцидент, таа физички ги нападнала и спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и приведат.
За нејзе веќе е во тек постапка за узурпација на локалитетот „Камени кукли“, во која ѝ се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, што таа одбегнува да ја почитува.
Дополнително, таа заедно со својот сопруг и претходно спречувала службени лица во вршење во вршење на службени дејствија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Узурпацијата на локалитетот “Куклица“ како од рубриката „верувале или не“
Фото: Унсплеш














