Неколку институции во Бугарија најверојатно ќе ја преземат улогата на Агенцијата за Бугари во странство, која досега беше надлежна за прием на документите потребни за издавање бугарски пасоши.
Пред зградата на Агенцијата за Бугарите во странство денеска повторно имаше ред за поднесување документи за бугарско државјанство. Македонските граѓани се пожалија дека не можат да ги поднесат документите поради скандалот во Агенцијата и истрагата за корупција при издавањето бугарски пасоши, јави агенцијата БГНЕС.
Од минатиот месец претседателот на Агенцијата за Бугарите во странство Петар Харалампиев е уапсен. Четворица добија обвиненија – претседателот, генералниот секретар на агенцијата и уште двајца други. Секретарот на агенцијата Красимир Томов во приватниот банкарски сеф чувал повеќе од половина милион лева.
Во меѓувреме, на состанокот на Владата во средата, премиерот Борисов изјави дека агенцијата ќе биде затворена и дека наредил МВР, Министерството за правда и претседателот треба да одговорат по ова прашање од што произлегува дека работата на Агенцијата за Бугарите во странство може да ја преземат неколку институции.
Фото: БГНЕС
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Борисов бара ревизија на издадените бугарски пасоши: Ќе настрадаат ли „побугарчените“ Македонци?