еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Инсајт леталото на НАСА безбедно слета на Марс

Беспилотното летало на НАСА Инсајт безбедно слета на Марс со што ја почна својата двегодишна мисија како прв објект дизајниран да ја истражи длабоката внатрешност на планетата.

Инженерите во лабораторијата ЈПЛ во близина на Лос Анџелес објавија дека успешното слетување го потврдиле сигналите испратени на Земјата од еден од двата минијатурни сателити кои се лансирани.

Леталото слета на Марс по половина година патување, долго 548 милиони километри, откако беше лансирано во мај од Калифорнија.

Леталото носи инструменти кои ги детектираат температурите на планетата и сеизмичките појави кои за сега не се мерени никаде освен на Земјата.

МИА/Фото/Видео:Scinews

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јован Митрески ќе биде претседател на Собранието, на местото на Џафери

Редакција

Доктор Лазаров: Омикрон варијантата е еден од најзаразните вируси познати досега во историјата

Редакција

Починати седум лица од Ковид-19, дополнително пријавени уште шест

Редакција