еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Училиште „Братство единство“ во Дебар сега е „Пенестија“, а „Здравко Чочковски“ се вика „28 ноември“, според денот на албанското знаме

Официјално се сменети имињата на училиштата во Дебар, беше соопштено на денешните пригодни програми организирани по повод 28-ми ноември – Денот на незвисноста на Република Албанија и Денот на албанското национално знаме.

По добиеното решение од Министерството за образование и наука, имињата на училиштата се запшани и во Централен регистар.

Основното општинско училиште „Братство единство“ сега е „Пенестија“ (според албанските историчари старо име на Дебар), додека средното општинско училиште „Здравко Чочковски“ во „28 ноември“.

Претходно Советот на општина Дебар, во почетокот на октомври по вторпат усвои одлуки за давање согласност за преименување на две училишта во градот, со запазување на потребниот број гласови според „Баденетер“.

Одлука за промена на имињата на двете училишта, исто така со „Бадентер“, беше изгласана и во 2012 година од тогашниот Совет на Општината.

МИА/Фото: Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Граѓанските организации бараат итно донесување на Законот за спречување и заштита од дискриминација

Редакција

Стопанска банка Битола со добивка од 42,69 милиони денари во третиот квартал

Редакција

На боиштата за Исламската држава досега во изминатите години загинале 35 македонски државјани, а се уште активни 15 лица. 

Редакција