еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ТАВ Македонија доби плакета за најдобри општествено одговорни практики за 2018 година

ТАВ Македонија доби плакета од Министерството за економија на Република Македонија и Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2018 година, во категоријата – “односи со пазарот”, за проектот „Стимулации за авиокомпании и тур-оператори“, реализиран во временскиот период од јуни 2017 до јуни 2018 година.

ТАВ Македонија е единственото големо претпријатие наградено за најдобра општествено одговорна практика за 2018 година во категоријата „односи со пазарот“.

Проектот „Стимулации за авиокомпании и тур-оператори“, кој доби признание од Министерството за економија, има за цел зголемување на воздушниот сообраќај, македонскиот пазар да стане повидлив за авиокомпаниите, како и да се зголеми конкуренцијата на скопскиот и на охридскиот аеродром со цел тие да станат регионални воздухопловни центри.

Заедно со стимулативните шеми, иницирани од холдингот ТАВ Аеродроми, кои глобално ги промовираат македонските аеродроми на авиокомпаниите и тур-операторите, ТАВ Македонија исто така напорно работи и на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги, со цел да постигне една од своите главни цели – високо ниво на задоволство на клиентите.

-Со дизајнирањето и имплементирањето на стимулативните шеми за авиокомпаниите и тур-операторите, ТАВ Македонија како аеродромски оператор ги гради односите со авиокомпаниите и тур-операторите, кои се всушност наши партнери, уште од 2010 година. Оваа активност, која е во тек, како проект во рамки на нашата маркетинг стратегија, има видлив и директен ефект врз развојот на пазарот, и резултира со постојан пораст на патничкиот сообраќај на двата аеродроми – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид.

Целосно сме посветени на развивање на мрежата на македонскиот авијациски пазар, со цел да постигнеме одржлив бизнис на аеродромски операции, како и на подобрување на квалитетот на аеродромските услуги на двата аеродрома. За да се подобри квалитетот на услугите, неопходно е да ги слушаме и разбереме потребите, барањата, жалбите и предлозите на клиентите. Затоа учествувавме во Програмата за квалитет на аеродромските услуги на Airports Council International (ACI) на светско ниво. Програмата ни овозможува да разбереме како нашите патници нè рангираат и го споредува квалитетот на нашите услуги со другите аеродроми, изјави Алпер Ерсој, Генерален директор на ТАВ Македонија.

Проектот на ТАВ Македонија “Стимулации за авиокомпании и тур-оператори” доби признание за успешно спроведена општествено одговорна практика во 2018 година, во категоријата – “односи со пазарот”, меѓу пет други македонски компании кои аплицираа во истата категорија.

На овогодинешниот повик на Министерството за економија за Национална награда за најдобри општествено одговорни практики аплицираа вкупно 38 проекти од 25 компании.

Националната награда, организирана од страна на Координативното тело за општествена одговорност на претпријатијата и од Министерството за економија на Република Македонија, се реализира 11 години по ред, и во изминатиот период 180 македонски компании поднеле 580 општествено одговорни практики, покажувајќи ја нивната посветеност да го подобрат нивното влијание врз општеството и врз околината.

Досега, вкупно 276 добри практики се наградени во пет различни области на општествената одговорност, од кои 110 со статуетки, 162 со плакети и 4 со специјални награди за најинвентивна практика.

Целта на Наградата е да промовира позитивни практики на општествено одговорно дејствување и да го инспирира воведувањето и понатамошно подобрување на општествената одговорност на компаниите во Република Македонија.

ТАВ Македонија како аеродромски оператор на двата македонски аеродрома, продолжува да бележи двоцифрен пораст во бројот на патници.

Од јануари до октомври 2018 година, повеќе од 2 милиона патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, што е пораст од 17% на годишно ниво. Во исто време, вкупниот број на летови е 17.017, што е 11% пораст споредено со истиот период минатата година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нова книга од ИЛИ-ИЛИ: Денес од печат излезе реизданието на романот „Жените Гаврилови“ од Кица Колбе

Редакција

Нова книга од Ферид Мухиќ, „Бигор шарпланинецот“ ќе биде промовирана во среда во КИЦ

Редакција

Нов пивски бренд во портфолиото на Пивара Скопје – Heineken 0.0 безалкохолно пиво

Редакција