еМагазин
Image default
Бизнис

Извршители влегоа во Бетон Штип

Извршители влегоа во Бетон Штип, една од компаниите опфатена во предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство, дознава Телевизија 24.

Извршувањето е по налог на една голема домашна банка засега за долг од околу 1 милион евра, за кој ТВ 24 има потврда.

Директорот на Бетон Штип Ванче Мијалчев, кој не е во земјава за ТВ 24 потврди дека е можно да е почната постапката за извршување за сума од 1 милион евра, но не знае што ќе се случува понатаму

„Изложеноста на компанијата кон две домашни банки, кон Комерцијална е на 5 милиони евра и НЛБ на 1,5 милион евра или вкупно околу 6,5 милиони евра. Тешкотии во работењето имавме изминатите две години. До сега редовно ги сервисиравме обврските, а финансиката кондиција ќе зависи од тоа дали ќе си ги наплатиме парите од проектите на кои работевме“, вели Ванче Мијалчев, извршен директор на Бетон Штип за ТВ 24.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Извршители „во напад“ на фирмите на Цветан Панделески

Извршител заплени удел во фирма на Цветан Панделески од 2,6 милиони евра

Млекара Здравје Радово: Предизвиците компанијата ќе ги надмине на достојно ниво и во брзо време

„Империја“ е нова истрага на СЈО: Вклучени семејството Камчеви, Мијалков и сопственикот на „Пелистерка“ Панделески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Народна банка ја зголеми основната каматна стапка на 3%

Редакција

Сопственикот на брендовите „Зара“, „Масимо Дути“, „Бершка“ ќе затвори 1.200 продавници, продажбата се сели на Интернет

Редакција

За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра

Редакција