еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Сите грешки на Владата: Доаѓа ли времето на „новото“ ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски?

ВМРО-ДПМНЕ почна со мирни протести, кои како што најавуваат од партијата ќе се одржуваат секоја среда и насекаде во Македонија со што се заострува состојбата на политичката сцена во земјава, но во нормална односно демократска или како што би рекол лидерот на партијата Христјан Мицскоски, гандиевска борба за власт.

Сега се наметнува прашањето колку време ќе и биде потребно на најголемата опозициска партија да ги убеди граѓаните во своите тврдења дека актуелната Влада предводена од премиерот Зоран Заев не ја заслужува нивната доверба.

Во таа насока, има неколку моменти кои заслужуваат анализа.

Мицкоски релативно брзо расчисти со сите врхушки од минатото и со бркањето на Сашо Мијалков од партијата, но и бегството на Никола Груевски и политичкиот азил во Унгарија, тој на некој начин доби отворен пат да ја консолидира базата на партијата и да собере свежи сили кои не се компромитирани на никаков начин.

Од друга страна е Владата и нејзините политики кои барем засега не вродија со подобрување на економската состојба во земјава и подобра живеачка на граѓаните, освен можеби за вработените во администрацијата.

Иако премиерот Зоран Заев во изминатиов период посвети огромна енергија на промена на името на државата, факт е дека тој не доби поддршка на референдумот, кој беше прогласен за неуспешен од Државната изборна комисија, а се чини дека висат на конец и уставните измени со оглед на тоа што се погласни се најавите дека се ситни парламентарното мнозинство од 80 пратеници потребно за комплетирање на овој процес.

Истовремено, големите грешки односно пропусти на државните институции кои дозволија пред нос да им избега екс-премиерот Никола Груевски бидејќи „заборавија“ навреме да распишат меѓународна потерница, како и „лапсусите“ дека тој можеби бил киднапиран само дополнително ја разнишаа довербата на Владата.

Ако на тоа се надоврзе и промената на даночните политики за кои деловната заедница едногласно кажа НЕ, како и каскањето во реализацијата на капиталните инвестиции кои би требало да бидат мотор на економијата станува јасно дека симпатиите кои беа карактеристика кон новата Влада при нејзиното формирање сега се претвораат во револт.

Не треба да се заборави дека Владата и локалните власти не мрднаа со прст да ги остварат ветувањата за борба против загадувањето, коа станува топ тема во македонската јавност извесно е дека со тоа само даде придонес кон зголемување на бројот на граѓани кои со негодување гледаат кон владините политики.

На крајот, Македонија стана позната по веста дека вицепремиерот Хазби Лика почнал да доаѓа на работа по долготрајно отсуство, што само покажува каков авторитет има премиерот Зоран Заев врз своите министри, за кои првично најави реконструкција за потоа да се повлече од изјавата.

Затоа, доколку не дојде до драстични промени во владеењето на Владата на СДСМ и ДУИ, лесно може да се очекува овие партии на следните избори да доживеат тежок пораз со што би се отворил патот нова Влада да формират ВМРО-ДПМНЕ, Беса и некои помали партии од условно кажано македонскиот и албанскот блок.

Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денот кога вест стана дека вицепремиерот Хазби Лика почнал да доаѓа на работа

Макрадули проблемот е што тебе не знаат, Борко Ристовски сите го знаат

Анкета на Телма и МЦМС: Граѓаните не го оправдуваат азилот на Груевски, вината за неговото бегство ја лоцират кај МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ бара место во Одборот на директори на „Окта“

Редакција

Управата за хидрометеоролошки работи вработува 20 лица, плата до 24.401 денар

Редакција

Груевски нема да одговара за „Траекторија“ поради застареност на делото, трошоците ќе ги платат граѓаните

Редакција