еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Објавен трет повик за субвенции на нискобуџетни авиокомпании

Министерството за транспорт и врски денеска објави нов јавен повик за доставување барања за доделување финансиска поддршка на нискобуџетни авиокомпании.

Повикот ќе трае до 21-ви следниот месец, информира денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања на стартот на реконструкција на патниот правец Драчево-Јурумлери

Сугарески изрази надеж дека овојпат ќе се избере компанија и ќе продолжи со развојот на авиосообраќајот во Македонија.

-Ова е наша програмска определба. Во буџетот за следната година предвидовме пари за оваа намена. а  имаме средства и за правење анализа за национален авиопревозник. Претходно анализите покажаа дека нема финансиска оправданост за ова, но уште еднаш ќе направиме да видиме во која насока ќе оди оваа работа,  рече Сугарески.

Од Министерството за транспорт и врски очекуваат до крајот на годината да се направи изборот на авиокомпанијата која ќе добива субвенции за евтини авиолинии.

Третиот повик, како што објави претходно Владата, е со олеснети критериуми. Авиопревозниците ќе треба да воспостават летови до две нови дестинации од Скопје и од Охрид до 26 март 2019, а не до 10 јануари, како што се бараше во претходните два огласа.

Првите два повика беа неуспешни поради неисполнување на условите од тендерската постапка.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Газа пред и после нападите од Израел

Редакција

Владата предложи две нови државни награди именувани по лингвистите Блаже Конески и Ремзи Несими

Редакција

Како Груби и Бајрами го направиле криминалот во Државна лотарија: Сите детали

Редакција