еМагазин
Image default
Локално

Тринаесет лица се осомничени за престрелката пред казино во Тетово, за петмина е определен притвор

Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.1 од Кривичниот законик.

„За двајца осомничени, кои при инцидентот користеле автоматско оружје кое на граѓаните им е забрането, поведена е истражна постапка за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик, како и за кривично дело Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 во врска со ст.1 од Кривичниот законик. Едниот од овие двајца осомничени е во бегство и не е достапен на органите на прогонот.

За останатите осум пријавени лица за кои постои сомнение дека биле инволвирани во инцидентот ќе биде поведена скратена постапка за сторено кривично дело – Предизвикување општа опасност од чл.288 ст.3 во врска со ст.1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.

Настанот се случил на 30 ноември пред казино во Тетово, кога четворица осомничени вработени во агенција за обезбедување од една страна и останатите осомничени од друга страна дошле во конфликт заради изгубени пари во казиното во износ од 3.600 евра од еден од осомничените. Притоа со општоопасни средства – автоматски пушки и пиштоли, предизвикале значителна опасност по животот и телото на луѓето и тоа на место каде што биле собрани поголем број луѓе.

Надлежен јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави Предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени за кои беше донесена Наредба за спроведување истражна постапка. Од страна на судијата на претходна постапка ваквиот предлог беше прифатен и на осомничените им е определен притвор во траење од 30 дена. За осомничениот кој е во бегство мерката ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вооружен инцидент: Пукање во центарот на Тетово

Притвор за четири лица осомничени за пукањето во центарот на Тетово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исчезна 17-годишна девојка од Чаир

Редакција

Загинатите кај Крушево се од едно семејство, мајката и едното дете починаа, таткото и другите две деца се со тешки повреди

Редакција

Пиеле вода „збогатена“ со фекалии: Диајера и повраќање кај стотици жители од општина Теарце

Редакција