еМагазин
Image default
Бизнис

Виктори Мизо назначен за претседател на Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство

Во рамки на Советот на странски инвеститори е формирана Асоцијација на странски компании со технолошки напредно производство, а за нејзин претседател е назначен актуелниот директор на „Костал“ и поранешен директор на Дирекцијата за технолошки развојни зони, Виктор Мизо, соопшти претседателот на Советот, Штефан Петер.

На новинарско прашање зошто е избран Мизо со оглед дека беше дел од претходната власт, Петер одговори дека секој има некакви искуства од минатото и дека не мора секогаш да се зема предвид на која страна сте, туку сите треба да ја имаат ситата цел – подобри бизнис услови за сите.

-Тоа е ваша интерпретација, а мојата е, врз основа на личното искуство, дека ако некој ме назначи за нешто, стропроцентно влегувам во таа позиција без да се навратам на таа што сум ја работел претходно. Секој бизнисмен што сака да е успешен, треба да го следи ваквиот пример – рече Петер.

Фото: Фејсбук-профил на ТИРЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преполовена добивката на Комерцијална банка: За три месеци профит од 3,5 милиони евра

Редакција

„Битем“ го доби тендерот на Град Скопје за партерно уредување на дел од централното градско подрачје вреден 540.000 евра

Редакција

Раст на бројот на туристи во јануари

Редакција