еМагазин неодамна упати критика до градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев дека ништо не презема за да го среди пороблемот со загадувањето во најзагадената општина и случајно или не, по неколку дена негова активност во таа насока.
„Затворена е дивата депонија долж Кејот на реката Вардар, кај мостот „Газела“. Оваа локација долги години претставуваше причина за собирање на поголеми количини на отпад и шут, како и палење на огнови на отворено.
Најстрого ќе бидат санкционирани несовесните граѓани кои ќе фрлаат или палат отпад.
Оваа локација е во опфатот и на новиот парк, чија изведба ќе започне во 2019 година. Со што, просторот дополнително ќе биде разубавен со нови дрвја и урбана опрема“, изјави Богоев.
Фото: Фејсбук-страница на градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Молиме Бога да не се стемни и да дувне ветер: Воздухот во Карпош и вечерва смрди и пече