еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Молиме Бога да не се стемни и да дувне ветер: Воздухот во Карпош и вечерва смрди и пече

Општина Карпош останува една од најзагадените општини во Скопје. Секоја вечер, кога нема ветер вредноста на ПМ10-честичките е неколку пати над максимално дозволената граница од 50 милиграми на метар кубен. Вечерва е 248.

Освен во Карпош, мерните станици покажуваат високо загадување и кај Ректорат 334, Бутел 234, а Општина Центар е како во некоја меѓузона 75.

Иако Владата денеска излезе со анализа дека загадувањето во однос на минатите години е намалено, тоа не го чини воздухот помалку отровен.

Инаку, градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев беше многу гласен пред да дојде на власт, во однос на ова прашање во оваа општина. За разлика од тогаш, денес, не се сеќаваме кога излегол на прес-конференција и „бекнал“ нешто за оваа мака на граѓаните.

Решавањето на проблемот со загадениот воздух, беше едно од главните ветувања во изборната програма, врз основа на која победи и седна на градоначалничката фотелја.

Нека не зборува, ама барем да преземеше нешто. Не слушнавме за ниту една инспекција покрај Вардар, не слушнавме дека еден објект е казнет или затворен за нелегално топење на недозволени материи. Не слушнавме дека некоја градежна активност е стоприана. Ништо!!!

Човекот едноставно се сокри во глувчешка дупка!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Внукот на Али Ахмети добил бизнис партнер од Тексас, открива КОД

Редакција

(ВИДЕО) Почина Аки Рахимовски, пејачот на Парни ваљак

Редакција

Бугарскиот сопственик ја затвори фабриката „Пејпар мил“, еден од најголемите загадувачи на воздухот во Кочани

Редакција