еМагазин
Бизнис

Владата ќе го обнови договорот за закуп на 877.945 квадрати земјоделско земјиште со „М-6 аграр“

Владата ја разгледа информацијата и донесе позитивна одлука во врска со добивање согласност за склучување на договор за закуп на земјоделско земјиште со непосредна спогодба со трговското друштво за земјоделие и лозарство „М-шест аграр“ ДООЕЛ Скопје, бидејќи станува збор за обнова на договорот, информираа од Владата за „еМагазин“ по објавата дека власта сака со непосредна спогодба да даде под закуп над 877.945 квадрати земјоделско земјиште.

„Врз основа на член 39 од Законот за земјоделското земјиште, се предвидува дека по истекот на времетраење на склучениот договор за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост по барање на закупецот, доколку закупецот во целост ги исполнил обврските од договорот за закуп, министерот може по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Македонија и по претходна согласност од Владата на Република Македонија со непосредна спогодба да склучи нов договор за закуп со закупецот, но за период не подолг од пет години“, соопшти Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Познати бизнисмени бараат од Владата во непосредна спогодба да им даде под закуп 877.945 квадрати земјоделско земјиште

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Договор вреден 28,9 милиони евра склучи Дирекцијата за ТИРЗ со “Стентон градба“

Редакција

Филип Морис Интернешнал ја одржа традиционалната конференција „Technovation“

Редакција

Општина Карпош вработува пет лица, плата до 29.694 денари

Редакција