Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу реагира во однос на, како што вели, јавните обвинувања од страна на медиумите, а во име на финансиската полиција припаѓаат на времето и мандатот кога со ова Министерство управувал некој друг.
„Во мое време, пред една година овој случај е затворен. Им наложив на споменатите соработници во обвинувањата да ги вратат средствата- и средствата беа вратени. Објавувањето на овој случај, конкретно во ова време, и тенденцијата по секоја цена во име на финанасиската полиција да се стави дамка на моето име и мојата личност е пратено на погрешна адреса.
Апелирам до сите релевантни институции во државата, а исто и до финансиската полиција сериозно да се зафатат со истражување, откривање и документирање на злоупотребите, корупцијата во сите сегменти на државата, без да поштеди ниту поединец, ниту група на организиран криминал.
Крајно време е раководителот на Управата за финансиска полиција сериозно да се зафати со реалните злоупотреби кои се вкоренети во Македонија во последните 20- 30 години, и да не дозволи да стане дел од политичките игри барајќи криминал таму каде што не му е место, а затворајќи очи таму каде што и слепиот гледа реален и организиран криминал“, се вели во демантот на Фазлиу.
Фото: Влада
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу
Кој е Сухејл Фазлиу, министерот за локална самоуправа кој доби кривична
Кривични за актуелниот и поранешен министер за локална самоуправа