еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка ја олабави монетерната политикa: Основната каматна стапка намалена од 2,75 на 2,50 %

Комитетот за оперативна монетарна политика на НБРМ, донесе одлука за намалување на основната каматна стапка во услови на поволни движења на девизниот пазар.

„Врз основа на оцената на постојните економски и финансиски услови, како и на постоечките ризици, Комитетот оцени дека постои простор за натамошно олабавување на монетарната политика. На седницата беше донесена одлука за намалување на основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 2,75 проценти на 2,50 проценти. Понудата на благајнички записи за аукцијата којашто ќе се одржи на 12 декември e задржана на нивото од 25.000 милиони денари“, информираат од Народна банка.

Комитетот ги задржа досегашните согледувања за здрави економски основи и отсуство на нерамнотежи.

„Во однос на најновите макроекономски показатели, проценетите податоци за БДП за третото тримесечје од годинава покажуваат солиден економски раст од 3 проценти на годишна основа, малку повисок од очекуваниот во октомвриските проекции. Од аспект на структурата на растот, во третиот квартал поволните остварувања на извозната страна се главниот фактор за високиот позитивен придонес на нето-извозот за вкупниот економски раст. Позитивен придонес има и домашната побарувачка, воден од растот на личната и јавната потрошувачка, и покрај продолжениот пад кај бруто-инвестициите“, се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Предлог-законот за 500 метри оддалеченост на обложувалниците од училишта стигна во Собрание

Редакција

Карбо Нова ги објави акционерите кои поседуваат над 5% од акциите

Редакција

Лидија Трајковиќ поднесе оставка од Одборот на директори на Макошпед

Редакција