еМагазин
Image default
Локално

МВР поднесе кривична пријава против двајца рекетари од Охрид

Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф.(37) и Ж.Р.(28), двајцата од Охрид за сторени кривични дела ,,изнуда” и ,,насилство“, информира МВР.

На 9-ти овој месец околу 11,30 часот во Охрид во угостителски објект на улица „Кленоец“ првопријавениот кој бил заедно со второпријавениот, физички го нападнал А.П.(54) од Охрид, при што му побарал 2.000 евра и патничко моторно возило, кое требало да биде пренесено на второпријавениот.

При тоа, второпријавениот ги спречувал гостите да влезат во објектот, додека А.Ј.(46) од Охрид не сакал да го напушти објектот, по што првопријавениот физички го нападнал. Првопријавениот упатувал закани  и кон други лица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

Редакција

48-годишен маж од Струга пронајден починат во мотел во Ѓорче Петров

Редакција

Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

Редакција