еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Фото) Концерт за паметење на Симон Трпчески и Македонската филхармонија

Синоќа во прекрасниот амбиент на Македонската филхармонија, нашиот пијанист со интернационална слава, маестро Симон Трпчески, одржа незаборавен концерт пред македонската публика.

Присутните уживаа во музиката на Шостакович и Гершвин во моќна изведба на Трпчески придружуван од Македонската филхармонија на чело со диригентот Борјан Цанев. Концертот донесе многу емоции, радост и вистинско воодушевување кое присутните не можеа да го скријат. Маестралниот пијанист и останатите уметници покажаа дека и класичната музика може да биде забавна, возбудлива и енергична.

Концертот го организираше Македонски Телеком, кој на уникатен начин го одбележа крајот на годината заедно со своите блиски соработници, партнери и пријатели. Имавме светски спектакл, нешто што ретко се доживува во Македонија. Перфекција, коментираа присутните. И самиот Трпчески истакна дека со вакви настани им се дава поттик на вистинските културни вредности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арсовска, прогласена за „Бугарка“, стана градоначалник на Скопје, Заев поднесe оставка: Бугарските медиуми за изборите во Македонија

Редакција

Од 1 октомври недела ќе стане неработен ден

Редакција

НЈСК Холдинг ја доби првата лиценца за извоз на сув цвет од канабис на пазарот на ЕУ

Редакција