еМагазин
Image default
Македонија

Поради магла откажани и пренасочени дел од летовите од скопскиот аеродром

Поради магла и намалена видливост откажани се или пренасочени дел од летовите до и од Скопје, потврдија од М-НАВ за МИА.

Од аеродромот „Скопје“ попладнево се пренасочени три лета. Едниот авион кој од Цирих требаше да слета во Скопје е пренасочен кон аеродромот во Приштина, а другиот од Варшава е пренасочен кон Отопени. Кон Приштина бил пренасочен и летот на Визер од Мемингем. Откажан е и лет од Истанбул, кој бил закажан за 19:45 часот.

Последниот авион од скопскиот аеродром полетал во 15:47, а летал до Белград, покажува информативниот систем на официјалната веб страница на аеродромот „Скопје“. Откажано е и полетувањто за Варшава, закажано за 17:05, а откажан е и летот за Истанбул, кој бил предвиден за 20:40 часот.

МИА/Фото: ТАВ Македонија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимателно: Магла по патиштата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Река со протестна нота поради вклучувањето на Имер Селмани во кампањата на Пендаровски

Редакција

Градоначалникот Димитриевски: Изборот на Бучковски е лапсус, пораките на Црвенковски се добронамерни

Редакција

Миланов на завршните зборови за „Организаторите на 27 Април“: Вељаноски ја водел седница согласно Деловникот на Собранието

Редакција