еМагазин
Image default
Македонија

Jавната и државната администрација ќе го одработува 2. јануари

На 2 јануари нема да работат вработените во јавната и државната администрација, а препорака е оваа одлука да ја следат и единиците на локалната самоуправа и приватниот сектор. Неработниот ден ќе се одработи во текот на годината.

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата рече дека денот мора да се одработи, бидејќи се работи за одлука која не е дел од законското решение, туку е одлука на Влада.

– Се работи за дел од традицијата од минатото која е во интерес на граѓаните на Република Македонија. Владата го прогласи за неработен ден за јавната и државната администрација, а им препорачуваме на единиците на локалната самоуправа и на приватните компании, ако можат, да ја следат оваа одлука. Овој ден ќе се одработи во текот на годината, бидејќи не е дел од законското решение, туку е одлука на Влада, појасни Бошњаковски.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитер ја „подбра“ Владата за 2 јануари: „Роди ме мајко без совест, фрли ме во администрација“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се поништуваат сите решенија за домашна изолација и државен карантин од 13 јуни

Редакција

Кој е Виктор Димовски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

Редакција

Дел од учебниците ќе се испорачаат викендов, дел следната недела

Редакција