еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Пакетчиња за сите деца од Македонска Каменица и донации од рудникот САСА за новогодишните празници

Рудникот за олово и цинк САСА обезбеди финансиска поддршка и учествува во организација на сите активности за обележување на новогодишните празници во општина Македонска Каменица.

Покрај доделените социјални пакети за 50 лица од ранливи категории, на заедничко дружење со менаџментот на САСА беа доделени и новогодишни подароци и пакетчиња на лицата со посебни потреби.

Дополнително, компанијата им додели новогодишни пакетчиња на сите деца во Македонска Каменица, од предучилишна возраст, па сѐ до четврта година средно образование.

„Среќни сме што и оваа година, САСА како компанија има можност да го даде својот придонес и да помогне сите кои се дел од оваа заедница да ја почувствуваат топлината на новогодишните празници. Ова е период на дарување, а со доделените социјални пакети, подароци и пакетчиња досега реализиравме само дел од планираните активности со кои, во рамки на нашите можности, ќе ја завршиме годината во празничен дух.

Покрај тоа, чест ни е што годинешната новогодишна честитка на САСА е со дизајн на членовите кои се дел од огранокот на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“ во Македонска Каменица. САСА одвојува значајно време и ресурси за реализација на проекти и активности во доменот на општествената одговорност, а тоа ќе продолжи и во годината која следи“, изјави Олег Телној, генерален директор на САСА.

Исто така, покрај традиционалната прослава за вработените во Рудник САСА, компанијата и оваа година организира предновогодишно дружење и забава за сите граѓани на Македонска Каменица. Дополнително, претставници на рудникот во текот на новогодишните празници ќе ги посетат дежурните медицински екипи во градот и ќе им поделат пригодни подароци.

Сите новогодишни активности САСА ги реализира во соработка со Општина Македонска Каменица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфлуенсер маркетинг – нови можности и предизвици за  комуникациската индустрија

Редакција

(Фото) Со донација од САСА изградено ново инклузивно детско игралиште

Редакција

Два документарни филмови за отворањето на „МакеДокс“ на 15. август

Редакција