еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за екс-градоначалникот на Свети Николе: Дозволил да се „молзе“ општинската каса

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.Т.(51), К.Н.(34) и А.Д.(54), сите од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “злоупотреба на службена положба и овластување“, информира МВР.

Во периодот од 22.04.2015 до 24.04.2018 година второпријавениот, сопственик и управител на правно лице од Свети Николе, за одржување на уличното осветлување на подрачјето на општина Свети Николе, изготвувал лажни фактури, во кои прикажувал поголема количина на употребен материјал.

При тоа, третопријавенот, вработен во општина Свети Николе и одговорен за контрола над наведените услуги, ги проследувал ваквите фактури, без да изврши проверка и споредба на материјалот наведен во фактурите и материјалот наведен во пријавите за дефекти, по што првопријавениот, како градоначалник на општина Свети Никола, без да изврши увид во приложената документација, ги одобрувал ваквите фактури.

Со ова, прво и третопријавениот му овозможиле на второпријавениот да се стекне со противправна имотна корист од 1.316.530 денари, на штета на буџетот на општина Свети Николе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починат маж најден во каналот „Студенчишта“ во Охрид

Редакција

Одлична вест: Берово доби пешачка и вело-патека

Редакција

Полицијата заплени 23 килограми марихуана кај Ресен, едно лице во бегство

Редакција