еМагазин
Image default
Локално

Загина велосипедист во Тетовско

Жител на тетовско Долно Седларце (51) починал откако, додека возел велосипед, бил удрен од автомобил БМВ со тетовски регистерски таблички што го управувал 22-годишен жител на Тетово.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, несреќа се случила вчера попладне околу 17 часот и 30 минути на патот Тетово Брвеница. При сообраќајката велосипедистот здобил тешки телесни повреди од кои починал. Екипата на Прва помош која претходно била повикана, констатитирала смрт.

Увид на местото на несреќата е извршен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени тројца гостиварчани кои „лудувале“ по дома

Редакција

Скопјанец физички нападнал полицаец кој сакал да го легитимира

Редакција

Кривична пријава за млад скопјанец осомничен дека затаил данок од 208.000 евра

Редакција