еМагазин
Image default
Локално

МВР го уапси убиецот на сопственикот на кафаната „Гурман“ во Кичево

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа, информира МВР.

Х.Ј. делото го сторил на 29.12.2018 околу 17  часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку убоди со нож во пределот на градите, го убил М.С.(64)- сопственик на објектот.

Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар, а потоа ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Редакција

Мажот кој загина во пожарот во скопски Хром имал 35 години

Редакција

Жена нападнала малолетно девојче пред очите на мајката поради часови за балет

Редакција