еМагазин
Image default
Македонија

Здружението на педијатрите на Македонија: Вакцините се безбедни и квалитетни

Здружението на педијатри на Република Македонија ги поддржува сите мерки што ги превзема Министерството за здравство во однос на вакцинирањето на децата кои не се вакцинирани со МРП вакцината, информираат од таму.

„Повикот е од особена важност за децата кои се во потенцијален ризик или се опкружени со лица во потенцијален ризик и истите треба да бидат веднаш вакцинирани со цел намалување на ризикот на и така намалениот колективен имунитет. Со тоа се намалува ризикот за пренесување на малите сипаници – морбили,  кај децата и кај повозрасната популација. Со вакцинацијата се намалува ризикот од заболување од морбили,  а со тоа и опасноста од можните компликации кои можат да бидат многу сериозни и смртоносни.

Важноста на педијатарот во имунизацијата е исклучителна и единствена, бидејќи тој е компетентен во проценувањето на здравствената состојба на детето и е одговорен за навремено информирање на родителите во однос на здравствената заштита на детето и имунизацијата. По претходно утврдена здравствена состојба на детето, со вакцинирањето се спречуваат несакани грижи за здравјето на децата“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Моделот Катарина Ивановска: „Јас сум вакцинирана. Го вакцинирав и моето дете“

Невакцинираните нема да бидат примени во градинка: Во Скопје за еден ден 488 деца добија МРП вакцина

Прогласена епидемија на морбили на територија на Градот Скопје: 12 нови случаи и сите невакцинирани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе се исплаќа милионска отштета на лицата неоправдано осудени за „Сопот“

Редакција

Нацрт-амандманите за промена на Уставот пристигнаа во Собранието: Постапката за усвојување во две фази

Редакција

За првпат се огласи Мухамед Асани, разрешениот директор на болницата во Струга: Мојата совест е многу мирна

Редакција